in ,

WTFWTF Што?Што?

Зошто немаме ДОВОЛНО ПАРИ и постојано СЕ ГРИЖИМЕ ЗА финансиите? Руски психолог: Сè почнува од внатре!

Рускиот психолог Михаил Лабковски открива зошто имаме проблеми со парите – еве што треба да ’запалиме’!

Парите се тесно поврзани со нашата психолошка состојба. Има луѓе кои колку и да заработат никогаш нема да им бидат доволни. Од друга страна, некои луѓе постојано очајуваат бидејќи немаат пари, а не прават ништо за да ги променат. Познатиот руски психолог Михаил Лабковски открива зошто е тоа така, како и колку нашата внатрешна ситуација влијае на аспектот на финансиите.

– Нашиот однос кон парите го одразува она што се случува во нас. Ако некој има анксиозност, тој секогаш ќе се грижи за финансиите. Дури и да е милионер, секогаш ќе го мачи прашањето за просперитетот. Знаете, има луѓе кои се плашат да трошат, кога ќе купат нешто што мислат дека е „екстра“, излегуваат од продавницата со чувство на страв за утре – објаснува Михаил Лабковски.

Другата страна на парата

Таквите луѓе страдаат од анксиозност и не можат мирно да се разделат со парите, бидејќи целиот живот им изгледа како нешто страшно и опасно, нагласува психологот. Можеби имале дисфункционално детство и разбирливо се плашат од сиромаштија. Исто така, се случува личноста да порасне во богато семејство, но се плаши да не изгуби пари. На овој начин го пренесуваме стравот и сопствените искуства во паричникот.

– Има спротивна слика – кога човек импулсивно троши и троши, никогаш не го организира буџетот и останува речиси на нула до платата. Тоа е истата анксиозност. Но, овој пат човекот не се плаши од недостаток на пари, туку од самите пари. Парите му предизвикуваат вознемиреност со која не може да се справи. И како резултат на тоа едноставно се обидува да се ослободи од парите – предлага Лабковски.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote