in ,

Зошто треба да јадете ореви секој ден?

Можеби ги употребувате оревите само како состојка за колачи, но оревите се богати со незаситени масни киселини, минерали и витамини. Прочитајте подолу зошто оревите треба да станат дел од вашата дневна исхрана.

30 грама ореви содржат:

  • 200 калории,
  • 3,89 грама јаглехидрати, од кои 1 грам шеќер и 2 грама диетални влакна,
  • 5 грама протеини,
  • 20 грама маснотии,
  • 20 милиграми калциум,
  • 0,72 милиграми железо,
  • манган, бакар, магнезиум, фосфор,
  • витамин Б6,

Истражувањата покажуваат дека оревите го подобруваат здравјето на срцето – го намалуваат холестеролот и високиот крвен притисок.

Оревите помагаат при контрола на дијабетесот

Се докажало дека диеталните масти во оревите го намалуваат ризикот од посериозни компликации поврзани со дијабетес тип 2, како бубрежните заболувања. Истражувањето вклучувало 31 маж и 81 жена заболени од дијабетес и се открило дека кај возрасните луѓе со прекумерна тежина кои секој ден јаделе ореви значително се намалило нивото на потребен инсулин во споредба со тие кои не јаделе. Уште повеќе, овој ефект се постигнал во првите три месеци од истражувањето.

Оревите ја намалуваат опасноста од рак

На оваа тема повеќето истражувања се поврзани со животните, но откритијата се навистина зачудувачки. Во едно истражување, глувците кои биле хранети со ореви во текот на 18 месеци значително помалку заболувале од рак на простатата споредено со контролираната група која истата количина масти ја примала од други извори. Заклучокот е дека диетата со ореви го намалила процентот на заболување од рак на простатата кај глувците за 30 до 40 проценти.

Оревите се одличен извор за вашата меморија

Прелиминарните студии сугерираат дека оревите можат да помогнат во одржување и подобрување на здравјето на мозокот. Резултатите од некои истражувања покажуваат дека додавањето ореви во исхраната го намалува ризикот и го забавува процесот на Алцхајмеровата болест.

Оревите го чуваат срцето

Бројни студии потврдија дека оревите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Консумирањето ореви го намалува холестеролот и крвниот притисок, а исто така штити од воспаленија и ја подобрува функцијата на крвните садови, посочуваат експертите од медицинскиот портал Medical News Today.

Овој ефект се должи на незаситените масни киселини, кои секој треба денвно да ги консумира.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote