in , ,

Што?Што?

Зошто алиштата никогаш не треба да се сушат внатре во домот?

Дали и вие дома ги сушите алиштата, особено во овие дождливи денови? Сушењето облека во есен и зима изгледа исто во многу домови. Продолжена решетка за сушење во дневната или спалната соба, радијаторите покриени со чорапи… Сепак, дали е тоа добро?

Сушењето алишта во просторот каде што живееме може да биде опасно. Во воздухот се испушта премногу влага, а особено е лоша состојбата за астматичарите и луѓето склони кон алергии, предупредуваат експертите. Оваа практика на сушење алишта во четири ѕида е тесно поврзана со високата концентрација на грини и мувла во воздухот, пренесува N1.hr.

Како да не е доволно лошо што може да се појави влага на ѕидовите, ситуацијата би можеле да ја влошите уште повеќе со користење на омекнувачи. За време на сушењето на облеката може да се појават пареи кои содржат штетни материи.

Експертите советуваат да ја избегнувате оваа практика, а доколку навистина не можете да ги исушите испраните алишта надвор, тогаш барем одвреме-навреме добро проветрувајте ја куќата.

Исто така, облеката никогаш не треба да се суши во просторијата каде што спиете.

Доколку сте во можност набавете машина за сушење бидејќи тоа е и начин да го зачувате вашето здравје.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote