in

WTFWTF

Зошто Кока Кола во Мекдоналдс е различна од онаа од продавницата или кафуле?

Ако некогаш сте нарачале Кока -Кола во Мекдоналдс, тогаш сигурно сте забележале дека има сосема поинаков вкус од она што можете да го купите во продавница или да го добиете во кафуле – и не, не сте единствени. Едноставно кажано, синџирот на овие ресторани за брза храна подобро се грижи за овој газиран пијалок, омилен на многумина.

Главната работа е во пакувањето – сирупот Кока Кола доаѓа во овие ресторани во контејнери од нерѓосувачки челик, додека во некои други доаѓа во пластични кеси, пишува Reader’s Digest.

Имено, по пристигнувањето во ресторанот, сирупот и водата добро се ладат, а потоа се мешаат, газираат и се истураат во машина со посебен метод, односно преку голема цевка, од која газираниот пијалок подоцна им се сервира на гостите , со цел да остане што е можно постудено.

Покрај тоа, Мекдоналдс користи специјални сламки кои се малку пошироки од вообичаеното, па вкусот на овој пијалок може да влијае на сите ваши вкусови.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote