in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Зошто е важно да се јаде овошје секој ден?

Секојдневното консумирање овошје има безброј здравствени придобивки.

Не само што е вкусно, овошјето е многу здраво и полно со различни хранливи материи. Експертите советуваат дневната доза на овошје да биде една и пол до две шолји.

Списокот на придобивки од секојдневното консумирање овошје е долг, еве само неколку:

  • Ги намалува воспалителните процеси

Соединенијата кои му ја даваат бојата на овошјето обично се антиоксиданси кои се борат против слободните радикали и на тој начин ги намалуваат воспалителните процеси во телото.

Речиси сите овошја содржат антиоксиданси, но некои видови се особено богати со овие соединенија. Тоа е првенствено бобинки, но и цитрус.

  • Го брани организмот од хронични заболувања

Кога ќе ги намалите воспалителните процеси, ќе го намалите и ризикот од развој на хронични заболувања.

„Овошјето е полно со витамини, минерали, антиоксиданси и фитонутриенти кои работат заедно за да го зајакнат вашиот имунолошки систем“, вели нутриционистот Дани Лебовиќ.

Таа додава дека секојдневното конзумирање на овошје обезбедува заштитно дејство на овие хранливи состојки, што го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар и го намалува крвниот притисок.

  • Помага да се одржи здраво варење

Овошјето е одличен извор на растителни влакна кои помагаат да се одржи здраво варење и спречува дигестивни проблеми како што е запек. Исто така, поради растителните влакна подолго сме сити, а помагаат и за растот на добрите бактерии во цревата.

  • Го подобрува здравјето на кожата

Тајната на сјајната кожа можеби не е во производите за нега, туку во корпата со овошје.

„Овошјето е полно со антиоксиданси кои можат да го намалат оштетувањето на клетките на кожата со намалување на воспалителните процеси и обезбедување заштита од слободните радикали. Слободните радикали можат да го забрзаат стареењето на кожата со разградување на колагенот во телото, што доведува до брчки и нерамномерен тен“, вели Лебовиќ.

За справување со овие проблеми, Лебовиќ препорачува овошје богато со витамин Ц како киви, јагоди и портокали.

  • Хидратација

Внесувањето доволно вода е дел од здравиот начин на живот, но добар дел од течностите доаѓа и од храната. Има одличен избор на овошје.

Овошјето содржи многу вода, па може значително да помогне во хидратацијата на телото. Лубеницата е секако овошјето кое содржи најмногу вода, а полна е и со влакна, витамини и минерали. Добро е и да јадете јагоди и дињи за хидратација.

Течноста го подобрува варењето, здравјето на зглобовите, ги пренесува хранливите материи до клетките и го нормализира крвниот притисок.

Помага при слабеење

Една неодамнешна студија спроведена на 26.000 луѓе покажа дека учесниците изгубиле повеќе килограми колку повеќе консумирале овошје и зеленчук.

Јадењето овошје секој ден може да ви помогне да изгубите тежина бидејќи има малку калории и многу растителни влакна со кои подолго сте полни, пишува Eat This Not That.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote