in , ,

Што?Што?

Зошто мажите престануваат да сакаат: Ова се најчестите причини поради кои заминуваат

Кои се најчестите причини зошто мажот одлучува да ја прекине врската и да замине?

  1. Прекумерни замерки

Замерките не се невообичаени од време на време, но тие можат да бидат крајно фрустрирачки ако се повторат. Никој не сака да слуша досадување и прекорување секој ден! Желбата да се контролира и наметне сопственото мислење може да ја избрка личноста која не сака, доколку создадеме нездрава атмосфера во која е невозможно да се живее мирно. Направете компромис или избројте до 10 пред да реагирате бурно.

 

  1. Присилување брак

Жените сакаат сигурност и по некое време ќе почнат да размислуваат за брак и деца. Меѓутоа, ако почнете премногу да ја форсирате врската и да создавате притисок, тоа може да го исплаши мажот до вас. Секако, тоа не значи дека ги задушувате емоциите и желбите, туку да размислите дали премногу форсирате нешто посериозно и дали очекувате премногу од врската која не трае долго.

 

  1. Нема страст во креветот

Важен аспект на врската е сексот. Ако со текот на времето тоа стане рутина без емоции и страст, може да влијае на целата врска. Разговарајте со партнерот, внесете малку освежување и бидете подготвени да ја прекинете рутината.

 

  1. Простор за себе

Нема ништо поубаво на светот од тоа да поминуваме време со саканата личност. Но запомнете дека секогаш треба да одвоите време за себе. Кога сте секогаш достапни, постојано инсистирате на средби и немате ваше хоби и време за себе – многу лесно можете да ѝ досадите на саканата личност.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote