in ,

СлаткоСлатко

Урми – еве зошто е најслатко и најздраво овошје на светот

Урмите имаат широк спектар на здравствени и хранливи вредности, па затоа се сметаат за најздраво овошје на земјата. Тие се одличен извор на природни влакна што му се потребни на телото за добра функција на дебелото црево.

Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Тие лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. Според нивниот состав, урмите се вистинска природна мултивитаминска „таблета“, која може да ја користат деца и возрасни. Од анемија, преку висок крвен притисок, холестерол, сè до рак … скоро и да нема болест што не може да се лекува со урми.

 

Здрави коски

Со оглед на тоа дека се богати со магнезиум, манган, селен и бакар, тие се одлични за одржување на здравјето на коските и намалување на ризикот од различни заболувања, како остеоперозата.

Низок холестерол

Тие содржат многу малку масти и влијаат на намалување на лошиот холестерол во крвта. Затоа, се препорачуваат 3-5 урми дневно.

„Витамини за очите“

Бидејќи содржат лутеин и зеаксантин, урмите се нарекуваат „витамини за очи“. Лутеинот и зеаксантинот се особено важни за мрежницата и макулата на окото, бидејќи тие ги поддржуваат епителните клетки за добар вид и можат да спречат оштетување на макулата, што се јавува во староста. Значи, ако сакате да зачувате добар вид треба да јадете што повеќе урми.

Здрав нервен систем

Поради комбинацијата на минерали кои ги содржат, урмите се одлични за одржување на здрав и силен нервен систем. 

Го подобруваат варењето

Ако ги конзумирате урмите кои претходно неколку часа биле потопени во вода, имате голема можност да го подобрите системот за варење. Освен тоа, тие се препорачуваат и за оние кои имаат проблеми со желудникот. 

Богати со витамини

Урмите содржат витамини од групата Б, како Б1, Б2, Б3 и Б5, но и витамини А и Ц. Тие се препорачуваат наместо земањето суплементи во текот на денот. Одлични се и како замена за многу видови благо, како и меѓу оброците.

Здрава кожа

Витаминот Д и Ц се одлична комбинација за подобрување на еластичноста на кожата и одржување на мазна и здрава кожа. Особено се препорачуваат за оние кои имаат проблеми со кожата. 

Ја регулира телесната тежина

Поради високата содржина на хранливи материи, урмите кај луѓето предизвикуваат чувство на ситост и го олеснуваат слабеењето. Ако земате урми на празен стомак, тоа ќе ја регулира работата на цревата и ќе му го даде на организмот потребниот шеќер. Урмите немаат холестерол, но имаат многу шеќер, па затоа би можеле да се здебелите од прекумерно внесување. Килограм урми содржи близу 3.000 калории.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote