in

ВИМБЛДОН: Зверев без проблеми се пласираше во третата рунда!

Александер Зверев, којшто се наоѓа на шесттата позиција на АТП листата, стигна до третата рунда на Вимблдон со победа над Американецот Тенис Сандгрен.

24 годишниот Германец со одличен перформанс без премногу проблеми го порази неговиот противник во три сета со резултат 7-5 6-2 6-3. Финалистот од УС Опен во 2020 ќе се соочи со Фриц во следната рунда.

Зверев се обидува да го освои својот прв Гренд Слем на вимблдон, а негов најдобар резултат на овој турнир е четврта рунда кој го остварил во 2017. Тој ја заврши работата релативно брзо против Американецот и го победи дуелот за час и 44 минути.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote