in

Зверев подобар од Надал во четвртфиналето во Мадрид!

ALEXANDER ZVEREV (GER) TENNIS - FRENCH OPEN - ROLAND GARROS - ATP - WTA - ITF - GRAND SLAM - CHAMPIONSHIPS - PARIS - FRANCE - 2020 © TENNIS PHOTO NETWORK

Германецот Александер Зверев за трет пат во неговата кариера го победи Рафаел Надал и стигна до полуфиналето во Мадрид Опен.

Зверев, кој моментално се наоѓа на петтата позиција на АТП листата, успеа да се врати од 4-2 негатива во првиот сет и да го сврте натпреварот во своја корист победувајќи со 6-4 6-4. Ова е негова трета последователна победа против Шпанецот.

Зверев ќе се сретне со Доминик Тием во полуфиналето во Мадрид. Тием се пласираше во последните 4 откако го победи Американецот Џон Ајсер во три сетови со резултат 3-6 6-3 6-4. Последната средба на овие двајца тенисери му припадна на Австриецот, а се одржа во финалето на УС Опен.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote