in

Ѕвездата на Формула 1 потресена! Му бил украден вреден часовник по финалето на Еуро 2020!

Ѕвездата на Формула 1, Ландо Норис беше ограбен после финалето на ЕП пред стадионот Вембли.

21 годишниот возач на МекЛарен присуствуваше на натпреварот Италија – Англија, но за жал беше на мета на крадците веднаш по завршувањето на натпреварот. Тој се движел накај неговото возило по мечот и бил застанат од крадци кои му го украле неговиот скап часовник.

Часовникот на Норис вредел неверојатни 50 илјади евра. Тој изјавил дека не е повреден за време на инцидентот, но е потресен и верува дека полицијата ќе ги најде сторителите на ова дело.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote