Со 20 изборни гласови од Пенсилванија, кандидатот на демократите има вкупно 284 гласа и го совладува Доналд Трамп, според СNN, AP, ,MCNBC.
Џо Бајден ќе стане 46. претседател на Соединетите држави, според CNN, кој наведува дека демократскиот кандидат ја освоил федералната држава во која е роден и со тоа освоил повеќе од 270 изборни гласови, колку што е потребно за да победи.
Со 20 изборни гласови од Пенсилванија, кандидатот на демократите има вкупно 284 гласа и со тоа го победи републиканскиот кандидат и сегашен претседател Доналд Трамп.
Истите проекции и податоци беа објавени од агенцијата АП и други американски медиуми, како што е МЦНБЦ.
Трамп не ги призна веднаш проекциите на АП и неговата кампања објави дека ќе се обиде да ги оспори резултатите, особено во државите Џорџија, Пенсилванија, Аризона и Мичиген.
Коментари
Loading…