Станува збор за лице кое има црногорски документи, а живее во Косово и Метохија, пренесуваат медиумите.
На претседателот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, му се заканувал член на криминалната група на косовскиот нарко-бос, Насер Келменди, дознаваат медиумите неофицијално од таа партија.
Според нивните информации, станува збор за лице кое има црногорски документи, а престојува во Косово и Метохија.
Граѓанското движење УРА вчера одржа вонредна прес-конференција, на која тие објавија дека имаат информации дека на Дритан Абазовиќ му се заканувал криминален клан од регионот.
Како што објавија, еден од членовите на тој клан е црногорски државјанин. Сепак, партијата не сакаше официјално да објави за кого станува збор.
Коментари
Loading…