Биткоинот денес достигна рекордна вредност од 28.599,99 долари (1,442.290 денари), по растот од 295 проценти оваа година како резултат на зголемувањето на интересот на големите инвеститори.
Дигиталната валута особено го привлече вниманието на големите американски инвеститори, кои го препознаа потенцијалот за брзата заработка.
На растот на вредноста на биткоинот влијаеше и очекувањето дека оваа криптовалута ќе стане едно од вообичаените средства за плаќање.
Коментари
Loading…