Фантастичен десерт со круши
Состојки:
- 1 кг круши
- 100 гр шеќер
- 40 гр путер
- 200 гр чоколадо за готвење
- 50 мл слатка павлака
- сецкани лешници или бадеми
Подготовка:
Излупете круша и исечете го долниот дел за да можат да стојат.
Гответе во вода со шеќер околу 15 минути, за да омекне.
Во меѓувреме, подгответе ја глазурата.
Се топи путерот на умерена температура.
Додадете чоколадо и постојано мешајте.
Додадете слатка павлака и варете уште две-три минути на умерена температура.
Истурете ја глазурата преку оладените круши и посипете ги со сечкани лешници или бадеми.
Изладете добро и послужете.
Пријатно!
Коментари
Loading…