Овој деликатес едноставно не смеете да го пропуштите!
Состојки: 400 мл млеко, 100 мл масло, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 1 свеж квасец, 2 цели јајца, 850 +50 гр меко брашно.
Филот може да биде различен – сирење, јајца „на око“, кашкавал, шунка, печурки …
Подготовка:
Во околу 150-200 мл топло млеко, измешајте шеќер, квасец и лажичка брашно. Оставете да стаса додека ги подготвуваме останатите состојки.
Во сад за мешање ставете околу 400 гр брашно и додадете сол и измешајте. Потоа додадете ги состојките по ред. Преостанатото млеко, скоро целото масло (оставете 2 лажици за крај), едно јајце и една белка (жолчката оди и на крај) и додадете го квасецот во брашното. Замесете меко и глатко тесто .
Намачкајте со преостанатото масло, измешајте малку и оставете го тестото да нарасне од еден час до час и половина на топло место.
Премесете го тестото, па поделете го на 8 дела (или колку сакате да добиете и дали сакате повеќе или помалку). Обликувајте го секој дел од тестото во топка. Не го притискајте тестото премногу долго за да не стане тврдо и тешко да се резвлекува, но ако тоа се случи, само оставете ги топчињата да стојат 10 минути и тие ќе се опуштат.
Истегнете ја секоја топка нагоре и надолу, и малку настрана. Ставете фил по желба (видете примери во видеото на крајот од текстот). На крајот, само свиткајте ги рабовите навнатре, и притиснете ги краевите на тестото во врвот за да добиете форма на чамец.
Оставете да отстои околу 30 минути (прв круг) додека го пополнувате вториот. Премачкајте со преостанатата жолчка и вклучете ја рерната да се загрева до 200 степени.
Печете 15-20 минути. Погледнете по 15 минути за да видите дали сè уште треба да се пече, така што рабовите се убаво зарумени.
На здравје!
Коментари
Loading…