Атлетико Мадрид успеа да остане на врвот на Ла Лигата откако забележа победа на домашен терен против екипата на Хуеска.
Натпреварот заврши со два постигнати погодоци, а во листата на стрелците успеаја да се запишат Ангел Кореа и Јаник Караско. Со оваа победа избраниците на Диего Симеоне имаат три бода повеќе од останатите екипи на само шест кола до крајот на сезоната.
Атлетико, откако официјално ја напушти Супер Лигата во која требаше да биде дел, се извини на фановите преку соопштение на социјалните мрежи.