Полицијата од Пакистан ги уапси сите вработени во една сендвичара откако тие обдиле да даваат бесплатни оброци на полицајците.
Деветнаесет работници од популарната пакистанска сендвичара Џони и Џунгу биле уапсени откако два дена по ред одбиле да им дадат бесплатни сендвичи на полицајците, соопштуваат локалните медиуми. Вработените биле задржани во станица дури 7 часа.
Откако бил анализиран инцидентот, девет полицајци биле суспендирани поради оваа случка. Од компанијата изјавија дека не е прв пат ваков инцидент да се случи, во минатото тие секогаш имале проблеми со полицајците кои бараат бесплатна храна во нивните ресторани.