Француските фудбалери ја совладаа Германија во Минхен со резултат 1:0 (1:0) во дербито на првото коло од групата Ф на Европското првенство.
Дуелот на последните два светски шампиони на „Алијанц Арена“ му припадна на сегашниот. Одлучувачкиот момент се случи во 20-та минута, кога германскиот стопер Матс Хумелс си постигна автогол и им помогна на „галските петли“ триумфално да ја започнат кампањата за обединување на европските и светските титули.
Судирот на екипите кои спаѓаат во кругот на најтесните фаворити за евро трофејот донесе голема борба, високо темпо и квалитетен учинок, но не и многу реални можности. Не сметајќи ги двата оправдано поништени гола на Французинот, двата поради офсајд позиција на Килијан Ембапе.
Коментари
Loading…