Кошаркарската репрезентација на Франција ги победи Соединетите држави во првиот натпревар на Олимписките игри со резултат 83:76.
Тоа беше лош учинок на Америка на почетокот на Игрите во Токио, со многу грешки и неефикасен напад, Французите ја намалија селекцијата на САД на само 11 поени во третата четвртина.
Фурние ги водеше Французите на теренот во најважните моменти, а на неизвесната завршница Америка имаше можност повторно да поведе, но Американците промашија две отворени тројки за ново водство.
Најдобар во победничкиот тим беше Фурние со 28 постигнати поени. Го следеше Руди Гобер со 14, додека Нандо де Коло додаде бод помалку.
🇫🇷 ALLEZ LES BLEUS 🇫🇷@EvanFourmizz puts up 27 points & @FraBasketball defeat USA 🇺🇸 for the 2nd time in a row in major events!#Basketball #Tokyo2020
📊 https://t.co/WAco9aHErD pic.twitter.com/iZjfjt9HKr
— FIBA #Tokyo2020 (@FIBA) July 25, 2021
Коментари
Loading…