Научник од Филипините, Др. Део Флоренс Онда, е првиот човек кој се спушти во ровот на Филипините, третата најдлабока точка во светот.
Во потрага на мистерии, научникот се спушти повеќе од 10 илјади метри во океанот, но дојде до големо разочарување. Длабочината Ембед е дел од ровот на Филипините и никогаш претходно луѓето не стигнале до оваа точка.
33 годишниот микробиолог, со цел да пронајде нови суштества, одличил да се спушти во длабочините на океанот. Но откако пристигнал до самото дно, наместо нови суштества, тој забележал пластика. Но и покрај таквото разочарување, Флоренс Онда е среќен и задоволен дека станал првиот човек којшто стигнал до дното на овој дел од океанот.