Полни со влакна, витамини и минерали, смоквите се идеално летно овошје што мора да го јадете свежо. Тие често се нарекуваат медитеранско рајско овошје, бидејќи е едно од најздравите плодови воопшто.
Богати се со бројни фитонутриенти, витамини и антиоксиданси.
Покрај тоа што се вкусни, може да се користат за лекување од убоди од инсекти (сувите смокви се користат при каснување и убоди од инсекти, пајаци и други животни), и веќе долго време се сметаат за одличен афродизијак.
Содржат до 80 проценти вода, а во исто време се овошја со највисоко ниво на природни шеќери, па затоа се исклучителен извор на енергија.
Тие, исто така, ја стимулираат работата на мозокот, ја подобруваат концентрацијата и меморијата.
Нешто повеќе за смоквите
Смоквите се подобар извор на нерастворливи влакна од повеќето овошја, и овие влакна имаат корисен ефект врз здравјето на дебелото црево и го забрзуваат варењето.
Постојат повеќе од 150 видови смокви и тие се разликуваат по боја. Тие се вистинска ризница на минерали и витамини.
Треба да се јадат свежи, бидејќи се богати со ензими и антиоксиданси, како и хранливи материи кои се губат при термичка обработка.