Лесно можете да го затнете мијалникот и да предизвикате проблеми со некои секојдневни активности на кои можеби никогаш не сте помислиле. Освен што не е добро да ставате чинии полни со храна во мијалникот, не е добро да ставате некои видови храна и хемикалии во одводот затоа што може да ги оштетат цевките.
Првото нешто што никогаш не треба да го фрлате во одводот е маснотиите – тоа е многу штетно за цевките, но и за околината. Може да се зацврсти и да создаде блокада што тешко се отстранува. Почекајте да се згусне и стврдне на собна температура, па фрлете го во корпа за отпадоци.
Едно нешто што повеќето луѓе го фрлаат во одводот е талогот од кафе, но се однесува слично како маснотиите – делува како тиња и го затнува вашиот одвод. Фрлете го во ѓубре или користете го за компост.
Никогаш не фрлајте ги остатоците од храната, особено коските. Коската може да ја пробие цевката, а насобраните остатоци од храна ќе ја затнат, пренесува Вечерњи лист.
Не се препорачува фрлање на лекови со поминат рок во мијалникот.