Група пијани Дедо Мразовци направија хаос кога се обиделе да возат тенк низ мало село во Корнвол, Велика Британија. Неколку жители ги снимиле Дедо Мразовците како „се забавуваат“ откако очигледно премногу уживале во „божиќниот дух“.
Жителите беа бесни кога огромен тенк се заглави и го блокираше пристапот до нивните убаво украсени улици. Група млади мажи се спуштиле во едно село во Корнвол, облечени како Дедо Мраз, а се возеле во стар оклопен транспортер.
Но, кога оклопниот транспортер во кој се наоѓале Дедо Мразовци се заглавил на улица во Корнвол морала да реагира полицијата.
Дедо Мразовците, за кои се верува дека биле на Божиќна забава во пабовите, се заглавиле во Марш Лејн во близина на Хејл во Корнвол, југозападна Англија.
Џепсон рече дека пееле, се забавувале, а следниот момент останале заглавени, што изгледало прилично смешно.
„Тие поминаа покрај мене пеејќи и подоцна ги најдовме заглавени таму каде што се стеснува лентата“, објаснил рибарот.
A group of boozy Santas found themselves on the naughty list when they tried to drive a tank through a tiny festive village.https://t.co/tpN9MKziHU
— The Mirror (@DailyMirror) December 23, 2022