Ciambella е италијански колач во форма на прстен, кој традиционално се јаде за појадок, и е неверојатно лесен за подготовка. Може да го послужите како десерт, со свежо овошје или сирење, а најдобро одговара со утринско кафе, посебено еспресо
Потребни состојки:
- 3 јајца на собна температура
- 250 гр шеќер
- 180 мл маслиново масло или сончогледово масло
- 250 мл млеко
- 2 лажички свежо рендана кора од лимон
- 150 мл свежо исцеден сок од лимон
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 400 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажиче сол
- 2 лажички мелен анасон
- Шеќер во прав за декорација
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, а потоа премачкајте мал калап за куглоф со путер.
Изматете ги јајцата и шеќерот додека не добијат убава кремаста текстура, околу три минути.
Во садот додадете маслиново масло, млеко, кора од лимон, сок од лимон и екстракт од ванила, а потоа промешајте повторно со средна брзина додека не се изедначи и соедини.
Во течните состојки додадете брашно, прашок за пециво и зачини и промешајте со миксер на мала брзина.
Истурете го тестото во подготвената тава и печете околу 50 минути или додека чепкалката за заби не излезе сува од кога ке биде вметната во средина на колачот.
Внимателно свртете го колачот на решетката и оставете да се излади.
Наросете со шеќер во прав и послужете.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…