Минатото лето на одморот во Турција научивме нешто многу интересно. Таму пробавме пијалак што го нарекуваат „пијалак на долг живот“. Еднаш неделно во домашното турско кафе додаваат пола лажичка природен мед и малку сок од лимон.
Во Турција се верува дека кафето подготвено на овој начин има смирувачки ефект врз телото. Медот, кој содржи фруктоза и гликоза, многу добро му помага на црниот дроб и го намалува шеќерот во крвта.
Лимонот го намалува крвниот притисок и го зајакнува имунитетот. Поради сите овие корисни својства, оваа напивка се нарекува „напивка за долговечност“.
Сепак, овој пијалак не треба да се злоупотребува, бидејќи може да предизвика негативни реакции кај луѓето склони кон алергии.
Начин на подготовка:
Сварете средно јако кафе, па истурете го во шолја. Кога малку ќе се олади додадете мед и неколку капки лимон.
Пијте го овој напиток барем еднаш неделно, не повеќе од тоа