in

Што?Што?

КОМАРЦИТЕ ЌЕ БЕГААТ! Овие производи ги имате дома, а тие обезбедуваат одлична заштита од малите крвопијци

Јаболков оцет и лаванда се само дел од средствата кои ќе ве заштитат од комарци.
Иако повеќето луѓе едвај чекаат да пристигне сончево и топло време, со него доаѓаат и мали, но досадни непријатности во вид на комарци.

 

Овие мали крвопијци едвај чекаат да не каснат, а зад себе често оставаат црвенило, плускавци и чешање.

Покрај различните индустриски средства кои можат да ви помогнат во борбата против комарците, можете да се свртите и кон природни средства, кои веројатно веќе ги имате дома.

Јаболков оцет
Помешајте една лажица јаболков оцет со малку сечкан магдонос и намачкајте ја на кожата. Освен што ќе ги одврати комарците, ќе ви овозможи и пријатно ладење.

 

Лаванда

Можете да го користите етеричното масло од лаванда, како лукот, директно на кожата (малку разредено со вода) или истурете го на памук и оставете го во просторијата да ги растера комарците.

Босилек и вотка

Истурете половина чаша врела вода врз една шака свеж босилек, а потоа процедете ја по четири часа. Се меша со половина чаша вотка и се прелива во шише со распрскувач. Протресете пред употреба и нанесете по потреба.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote