in ,

УбавоУбаво

Лансиран САТЕЛИТ кој ќе кружи околу Месечината: Научниците спроведоа важно истражување

НАСА лансираше во вселената микросателит едвај поголем од микробранова печка, како дел од враќањето на човечкиот екипаж на Месечината.

Ракетата што го носеше малиот модул CAPSTONE беше успешно лансирана од новозеландскиот полуостров Махија, јавуваат американските медиуми.

Ако се оди според планот, CAPSTONE ќе лансира во праволиниска орбита околу Месечината за четири месеци. За време на орбитата, ќе помине низ најблиската позиција, оддалечена околу 1.600 километри од Месечината, а најоддалечената, на околу 70.000 километри.

 

Тој треба да орбитира околу нашиот природен сателит најмалку шест месеци за научниците подобро да ги разберат карактеристиките на орбитата.

Овој мал сателит со тежина од куфер е всушност тест за вселенската станица на НАСА Gateway, која би требало да орбитира околу Месечината и ќе послужи како почетна точка за истражување на нашиот природен сателит.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote