in ,

Што?Што?

На работник случајно му исплатиле 165 милиони долари, па побарале да ги врати парите: Неговиот потег ги ШОКИРАЛО сите

Направена е голема грешка во секторот за човечки ресурси на конзорциумот Cial Food Industry во Чиле. Еден работник се изненадил кога видел голема сума пари на неговата сметка.

Во процесот на депонирање плати на работниците за месец мај се случи нешто што заврши со милионска исплата на еден работник. Кога ја видел грешката, компанијата го известила работникот и побарала да ги врати парите на фирмата.

Откако на сметката му легнале 165.398.851 долари, работникот преку адвокат го раскинал договорот за вработување и исчезнал.

Грешката во компанијата „Consorcio Industrial de Alimentos“ ја забележал секторот за човечки ресурси на 30 мај 2022 година и го известил работникот дека му биле исплатени неколку милиони на сметката и побарал од него да оди во банка и да го врати преплатен износ.

Работникот ветил дека ќе го стори тоа веднаш следното утро, но по повеќе повици и пораки од компанијата за проверка на ситуацијата со рефундирањето, тој повторно не одговорил.

На 2 јуни неговиот адвокат ја известил компанијата дека го раскинува договорот за вработување, пренесува порталот Diario Financiero.

Компанијата поднела тужба против работникот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote