in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Ова е најпосетуваниот град во светот за 2023 година

Не е изненадување што Истанбул го зазема првото место, со оглед на неговата архитектура, фасцинантна историја, плус неверојатни деликатеси и чај.

Ли Добсон, основач на туристичката страница Travel City, рече дека Истанбул е магнет за патниците и туристите од Велика Британија ширум светот, благодарение на неговата богата култура, историја и географија што го прават уникатен и фасцинантен.

„Сместен на два континента, Европа и Азија, Истанбул нуди неспоредлив спој на источните и западните традиции, видливи во неговата архитектура, традиции и секојдневниот живот“, објасни тој.

По Истанбул, на листата на најпосетувани градови се наоѓа Лондон, кој го зазеде второто место, потоа Дубаи на трето и уште една турска дестинација – Анталија, која е на четврто место, пренесува Метро.

Список на најпосетуваните градови во светот
– Истанбул

– Лондон

– Дубаи

– Анталија

– Париз

– Хонг Конг

– Бангкок

– Њујорк

– Канкун

– Мека

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote