in

УбавоУбаво Што?Што?

Невеста побарала развод по само три минути откако рекла ДА – Најкраткиот брак во историјата!

Новопечен пар поднел барање за развод само три минути откако ги изговориле своите завети во, како што се верува, најкратката венчавка во историјата на нивната земја.

 

Непосредно по венчавката, повеќето парови се чувствуваат среќни и задоволни. По прославувањето со пријателите и семејството обично следува меден месец, а разводот е веројатно последното нешто што им паѓа на ум на повеќето младенци.

Но, работите биле поинакви за парот во Кувајт и нивната среќа траела помалку од три минути.

Имено, младиот брачен пар излегувал од зградата на општината во која се венчале кога невестата доживеала несреќа. Таа се сопнала и паднала на подот. Една реченица што ја изговорил младоженецот променила сè.

Наводно, младоженецот ја нарекол сопругата глупава поради нејзиниот пех. И веднаш зажалил.

Исмејувањето на нејзиниот сопруг било премногу за жената, таа многу се налутила и веднаш отишла кај матичарот кој го склучил бракот, да го поништи. Матичарот во Кувајт немал ништо против и се согласил на поништување по само три минути брак, пишува британски „Мирор“.

Двојката, која живее во Кувајт, никогаш не ја напуштила судницата како маж и жена. Се верува дека тоа е најкраткиот брак во историјата на земјата.

Приказната стана вирална на интернет и многу луѓе веруваат дека невестата ја направила вистинската работа.

 

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote