in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 20 СЕПТЕМВРИ 2023

Времето денес:

 

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне наместа облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Скопје сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Особено топло ќе биде во петок и во сабота. Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote