in ,

WTFWTF Што?Што?

(ФОТО) Зашеметен, со прекумерна тежина и запоставен! Дури и Господ ги крена рацете од него: Последните фотографии од ѕвездата на „Пријатели“!

Во текот на 90-тите изгледаше дека има сè – слава, пари и жени.
Метју Пери ја стекна славата благодарение на неговите актерски способности и улогата на легендарниот Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“. На врвот на славата, тој добиваше милион долари по епизода, а жените се фрлаа по него.

 

Меѓутоа, со славата дојдоа и проблеми. Актерот престанал да крие дека имал тешка битка со зависноста од алкохол и дрога.

Неговиот пад започна со зависност од лекот Викодин, кој го користеше за ублажување на болката по несреќата на џет ски. Брзо станал толку зависен од таблетите што не можел да помине ниту еден ден без нив.

 

Почнал да зема и метадон и амфетамини. Потоа почнала неговата зависност од алкохол, па неколку пати одел на рехабилитација и секој пат тоа било неуспешно. Еднаш призна дека некои денови на снимањето на серијата „Пријатели“ која го прослави, воопшто не се сеќава. “Не се сеќавам барем три години од снимањето. Некаде помеѓу третата и шестата сезона”, признал актерот.

Тој повторно стана фокус на јавниот интерес кога се случи долгоочекуваното обединување на актерите од популарната серија, а кога го видоа, самата негова глетка ги скрши срцата на обожавателите. Потоа призна дека бил под притисок и нервозен затоа што се плашел дека публиката не го смета за смешен на средбата со неговите колеги.

 

За време на интервјуто со колегите Мет Лебланк и Дејвид Швимер, тој го привлече вниманието поради неговиот нејасен говор и отсутното однесување, а подоцна откри дека тој ден имал итна стоматолошка помош и дека имал многу болки. За своите проблеми со забите тој напиша во својата биографија наречена „Friends, Lovers and The Big Terrible Thing“, а откри дека еднаш кога гризнал парче тост, му испаднале сите предни заби.

И покрај низата лоши години, се чини дека во последно време се опоравува. Папараците го снимија пред неколку месеци додека интимно се гушка со мистериозна црнка по ручекот во познат ресторан во Беверли Хилс, а судејќи по должината на прегратката и насмевките кои ги задржаа на нивните лица, се шпекулира дека постои нешто повеќе од пријателство меѓу нив. Метју тогаш изгледал подобро и поздраво од вообичаено, што би значело дека конечно решил да го земе животот „во свои раце“ и да се соочи со своите проблеми.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote