Предлог за ручек или вечера што ќе им се допадне на сите – печени пиперки полнети со печеница и кашкавал, па дури и поховани. Уживајте!
Состојки:
- 10 пиперки
- 2 јајца
- 100 гр печеница или шунка (може да биде и повеќе)
- 100 гр кашкавал (можеби и повеќе)
- 100 гр презла
- 100 гр брашно
- сол
- 1 лажица млеко
Подготовка:
Измијте ги пиперките и исчистете ги, ставете ги во плех обложен со алуминиумска фолија и печете на 200 ° C 15 минути. Префрлете во сад и затворете го, оставајќи околу 40 минути. Потоа излупете и исчистете ги и оставете ги малку да се исцедат.
Изматете јајца со млеко, 1 лажица сол и брашно. Посолете ги пиперките по желба. Ставете парче печеница и кашкавал во секоја пиперка (можеби и повеќе ако сакате). Пиперките превртете ги во брашно, потоа во јајца, па во презла. Пржете ги пиперките во врело масло. Извадете ги врз салфетка.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…