in ,

WTFWTF Што?Што?

Пронајдена статуа на индиска божица украдена во 1971 година

Статуа на индиската божица Парвати од XII век, украдена во 1971 година од храм во индиската сојузна држава Тамил Наду, е пронајдена во Њујорк.

 

Според индиската полиција, статуата е пронајдена во приватната аукциска куќа Бонамс и веќе е подготвена документација за нејзино враќање.

Од Бонамс засега не го коментираа случајот.

Статуата висока 52 сантиметра е една од пет статуи што претходно исчезнаа од индискиот храм.

Изминатите неколку години Индија ги зајакна напорите да ги врати статуите на божества и други антиквитети украдени или прошверцувани од нејзините храмови.

Индискиот премиер Нарендра Моди во февруари информираше дека од 2014 година во земјата успешно се вратени „над 200 статуи на божества“.

Пред две години, Обединетото Кралство на Индија ѝ врати три бронзени статуи, украдени пред повеќе од 40 години од храм во Тамил Наду.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote