in ,

ТаженТажен

„Мислам дека се дрогирал пред да умре“: Поранешната девојка на Метју Пери шокира со признанието

Поранешната девојка на Метју Пери изјавила дека мисли дека актерот пред смртта повторно користел недозволени супстанци, а еден од показателите биле неговите објави на мрежите.
Поранешната девојка на Метју Пери, Кејти Едвардс, по смртта на актерот изјави дека мисли дека тој не „само се удавил во базенот“, туку дека повторно почнал да користи недозволени супстанци.

Таа најпрво ги посочи необичните објави на Пери на мрежите, поради кои се посомнева дека тој се вратил на стариот порок.

– Има многу работи кои не ми се јасни. Не верувам дека само се удави во џакузи, тоа не ми звучи логично. Го познавам Метју и знам дека нема само да се удави. Мислам дека можеби пиел апчиња порано. Рекоа дека немало лекови против болки на местото на настанот, што не ме чуди. Беше параноичен и ќе ги криеше сите, па немаше докази – изјавила Кејти за британски The Sun.

Во последните објави, актерот се потпишал како Метман, што на неговата поранешна девојка и било сомнително.

– Бев со него кога се дрогираше, иако не се дрогирав со него. Секогаш кога ќе му кажев дека можеби треба да ја намали дрогата, тој ми рече: „Не, јас сум Метман“. – рече Кејти.

Рекла и дека Метју често поминувал многу време во вода, кога користел недозволени супстанци.

– Еднаш неговиот сосед го нашол Метју гол во неговиот базен. Морав да отидам таму и да го извадам од базенот на неговиот сосед. Постојано беше во вода кога се дрогираше – рекла таа.

Да потсетиме, објавена е потврдата за смртта на актерот Метју Пери, кој ненадејно почина на 54-годишна возраст.

Во документот, објавен од Службата за јавно здравје и до кој дојде The Blast, се наведува дека причината за смртта на Пери е „одложена“ во очекување на детална анализа на неговите токсиколошки наоди, откако првичните резултати покажаа дека нема траги во неговата крв. супстанции фентанил и метамфетамин.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote