Кортни и Тревис одлучија семејството и пријателите да можат да го видат нивниот син само они кога ќе ги поканат, а ја открија и причината зад оваа одлука.
Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг, тапанарот на бендот „Блинк 182“ Тревис Баркер, неодамна му посакаа добредојде на момчето на кое му дадоа име Роки 13. По раѓањето на детето, Кортни и Тревис одлучија дека семејството и пријателите можат да го запознаат нивниот наследник само кога они ќе ѓи поканат.
Кортни и Тревис на сите им кажале дека им треба време „само за нивното мало семејство“ и дека треба малку да се одморат, а потоа еден по еден ќе ги поканат членовите на поширокото семејство – изјавил изворот за странските медиуми.
Кортни рекла дека поставила такво правило поради здравјето на детето и сакала да го заштити.
– Но, сите мислат дека тоа е дел од нејзината нова стратегија да ги држи на дистанца сите околу неа – додал изворот.
Се претпоставува дека Крис Џенер, бабата, ќе биде првата што ќе може да го посети малиот Роки, а прашање е кога Ким ќе има можност да се види со својот внук.
Не е тајна дека Ким и Кортни имаат затегнати односи, што е видливо во реалното шоу „Кардашијан“.