in

Што?Што?

Швајцарците потврдија локација за складиште за нуклеарен отпад во вредност од над 20 милијарди долари

Швајцарија во понеделникот потврди дека нејзината претпочитана локација за подземно складиште за нуклеарен отпад од 20,94 милијарди долари е област северно од Цирих, во близина на германската граница.

Компанијата која стои зад проектот за складирање на нуклеарен отпад во земјата најмалку во следните 200.000 години, Националната задруга за отстранување на радиоактивен отпад (NAGRA), го предложи северниот дел на Лагерн за локацијата, која треба да профункционира во 2050 година.

По 14-годишен процес на евалуација, NAGRA – формиран од операторите на нуклеарните централи и владата – вели дека опалинската глина пронајдена во областа обезбедува најголема геолошка бариера, најдобра стабилност на карпите и висок степен на флексибилност за подземно складирање во споредба со другите две локации што ги разгледуваше.

Прашањето може да биде ставено и на референдум пред да започне изградбата во 2034 година, пишува Ројтерс.
Компензацијата за погодените области, вклучително и Германија, допрва треба да се одлучи.

Портпаролот на германската влада изјави дека досега имало добра интеграција меѓу Германија и Швајцарија и изрази надеж дека таа ќе продолжи.

За следниот чекор од германска страна, група експерти ќе ја разгледаат веродостојноста на одлуката на швајцарските власти, изјави портпаролот на германското Министерство за животна средина.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote