in ,

Што?Што?

Експлозија на цените: Новите автомобили поскапеа и до 44 отсто

Цената на основниот Golf во Германија се зголеми за 9.000 евра.

 

Инфлацијата очигледно доби нова димензија, а поскапувањето на новите автомобили е поврзано со одлуките на производителите и еколошките прописи на Европската унија. Имено, исчезнуваат некои подостапни верзии, а се заменуваат со поскапи основни опции.

Германскиот авто клуб (ADAC) пресмета дека новите автомобили поскапеле и до 44 отсто во последните пет години, што е многу повеќе од инфлациските трендови на пазарот. Значително зголемување, особено ако се земе предвид дека моделите на патнички автомобили обично се на пазарот шест до седум години пред да пристигне помодерен наследник.

Особено во последно време, на виделина излегоа некои екстремни примери. Според ADAC, VW Golf со 90 КС беше достапен за 20.700 евра само пред една година. Овој основен модел сега е заменет со верзија со 130 КС која чини дури 29.560 евра.

 

Конкуренцијата го следи и VW со поскапувања. На пример, додека минатата година Fiat Tipo со 100 КС беше достапен по цена од 17.490 евра, сега во Германија е достапна само хибридната верзија со 130 КС со основна цена од 28.490 евра – зголемување од дури 11.000 евра.

Fiat 500 сега е достапен и како хибрид – што значи дека цената се зголеми од 13.000 евра (2020) на 16.500 евра (2022 година).

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote