Ако барате идеа за денешниот ручек, на право место сте 🙂
Состојки:
- 1 кг компири
- 2 конзерви туна
- црни маслинки
- 2 млади кромида
- 1 лажица сенф
- 1 лимон
- 3 лажици маслиново масло
- сол, бибер
- неколку гранчиња свеж магдонос и зачин
Подготовка:
Измијте ги компирите и варете ги сите со кора околу 30 минути или додека не омекнат. Кога компирот ќе се свари, исплакнете ги во ладна вода и прелијте ги со сок од лимон, оставете ги малку да се оладат за полесно да се излупат и исецкаат, потоа излупете ги и исечете ги на кругови со еднаква дебелина.
Исечете го кромидот, додајте го на компирот и внимателно измешајте. Измешајте масло, сенф, сецкан магдонос и зачин, сол и бибер и измешајте сè. Измешајте компири, додадете туна и маслинки и промешајте.
Коментари
Loading…