in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 11 ДЕКЕМВРИ 2023

Времето денес:

 

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд.

Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе биде значително облачно со услови за слаб дожд.

Утре и во среда времето ќе биде стабилно со променлива облачност. Дневната температура до четврток ќе биде во пораст. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок ќе дува засилен северен ветер и снег ќе врне и на повисоките, а во сабота и на некои од пониските места.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote