in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРГНОЗА ЗА 28 АВГУСТ 2023

Thermometer with high temperature on the city with glowing sun background. Heatwave concept

Времето денес:

 

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне во северозападните планински подрачја е можна изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 38 степени.

Денес ќе се задржи сончево и многу топло време. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури од утре ќе опаднат за неколку степени.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote