in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 16 СЕПТЕМВРИ

Времето денес:

 

Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во крајните западни подрачја ќе има повремен локален дожд. УВ=7

Во Скопје, сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса и денес времето ќе биде топло со дневни температури над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. Кон крајот на денот утре ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури, а од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote