in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 6 СЕПТЕМВРИ

Времето денес:

 

Сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени. УВ=6

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. T= 26 °C, P= 985 hPa, U= 45 %, V= 3 m/s.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 23 Гевгелија, Дојран,18 Демир Капија, 12 Скопје-Петровец, 9 Берово, 8 Тополчани, 6 Крива Паланка, Скопје-Зајчев Рид, 4 Битола, Попова Шапка, 3 Виница, 2 Тетово, Пожаране, Маврови Анови, Струмица, 1 Прилеп.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

 

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote