in

„Сите играчи би сакале да играат за Реал“ – Погба

Средишниот играч на Манчестер Јунајтед Пол Погба призна дека негов сон е еден ден да заигра за Реал Мадрид. Но 27 годишникот додаде дека „би направил се за да го врати Јунајтед таму каде што припаѓа“. Французинот регуларно се поврзува со трансфер од Јунајтед уште од неговото приклучување на екипата во 2016 за рекордна сума од 89 милиони фунти.

Договорот на Погба со Манчестер истекува следното лето, но Јунајтед ја има опцијата да го продолжи до 2022. „Моментално јас сум играч на Јунајтед и се фокусирам да ја постигнам мојата најдобра форма. Мислам дека ќе дојде моментот кога клубот ќе ми понуди нов договор, или можеби не“ изјави Пол. Кога беше запрашан за можен трансфер во Реал Мадрид тој изјави: 

Јас сум играч на Манчестер и го сакам овој клуб. Се ќе направам за да го вратам клубот каде што припаѓа. Но сите играчи би сакале да играат за Реал. Тоа е сон за мене, па зошто не би се случил еден ден?

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote