in

СлаткоСлатко

26-годишната Флоси официјално стана најстарата мачка на светот: „Сè уште е разиграна“

Мачката Флоси (26) од Орпингтон е признаена како најстара жива мачка на светот. Сопственичката вели дека има здравствени проблеми, но сè уште е разиграна.

Гинисовата книга на рекорди ја прогласила мачката Флоси (26) од Орпингтон (југоисточен Лондон), за најстара жива мачка на светот. Навеле дека нејзината старост, во човечки рамки, е 120 години.

Сопственичката Вики Грин го опишала својот миленик како посебна и мила мачка. Флоси има проблем со видот и е глува, но сè уште е разиграна. Вики кажала дека својот миленик го добила од здружението „Cats Protection“, пренесува „BBC“.

Гинисовата книга на светски рекорди објавила дека Флоси живеела во засолниште за мачки во близина на болница во Мерсисајд кога двајца членови на персоналот и дале дом. После тоа, Флоси и нејзината прва сопственичка живееле заедно десет години додека таа не починала, а Флоси ја преземала нејзината сестра која со мачката живеела уште 14 години, се до последниот ден на госпоѓата. На крајот мачката завршила кај госпоѓа Грин, бидејќи таа имала искуство во грижата за постари мачки.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote