Според истражувањето на Универзитетот во Манчестер, четката за заби е дом на повеќе од 100 милиони различни бактерии.
Секој веќе знае дека миењето на забите е основна хигиенска потреба, но ретко кој знае дека нашата четка за заби треба редовно да се чисти и на одреден начин. Стоматологот Сухаил Мохиудин покажа како се прави тоа лесно, но и колку нечистотија има на четката.
На „Тикток“, тој сподели видео во кое објасни дека процесот на миење под ладна вода откако ќе ги измиете забите не е доволен за чистење на сите бактерии.
Имено, Сухаил тврди дека е најдобро четката прво да се исчисти со сапун и топла вода, имајќи предвид дека сапунот мора темелно да се измие од четката, а потоа да се дезинфицира оставајќи ја четката еднаш неделно преку ноќ во антибактериско средство за плакнење на устата или мешавина од две лажици сода бикарбона и 235 милилитри вода.
@dr.m_ Did you know your toothbrush harbors a ton of germs!! This is how to clean it and keep you healthy! #healthtips #dentist #coronavirus
♬ Like That – Doja Cat
Коментари
Loading…