Чоколадно суфле во кое ќе уживате.
Состојки:
(4 лица)
- 35 гр путер
- 100 гр шеќер
- 35 гр брашно
- малку сол
- 200 мл млеко
- 135 гр чоколадо
- 4 јајца
Подготовка:
Рачно измесете путер, брашно и сол.
Истурете млеко и шеќер во тавата и оставете да зоврие.
Потоа додадете мешавина од брашно и путер, промешајте со жица додека не добиете густ крем.
Извадете го од шпоретот, додадете го чоколадото и убаво измешајте со жица, па додајте ги жолчките.
Пренесете ја смесата во друг сад и внимателно измешајте ги претходно изматените белки со малку шеќер.
Тавчињата за печење премачкајте ги со путер и посипете со шеќер и истурете ја смесата во нив.
Печете 20 минути во загреана рерна на 190 степени.
Коментари
Loading…