Пред неколку дена се појави математичка задача на социјалните мрежи која многу корисници не можеја да ја решат. Задачата гласи вака:
Дадени ви се бројките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9, можете да ги користите само знаците + и – за да дојдете до резултат 100. Мора да ги искористите сите броеви и тие мора да бидат по редослед (на пример: 1+2+3, а не 1+3+2). Можете да споите некои од броевите за да стигнете до посакуваниот резултат (на пример: 1+23+4). Под сликата ќе ви прикажеме како изгледа еден точен одговор на задачата, но пред да видите обидете се да ја решите.
Едно од решенијата: 1+2+34+5+67+8+9=100
Коментари
Loading…