in

Пандев стигна до 100 гола во Серија А!

Легендата на македонскиот фудбал и капитен на нашата репрезентација, Горан Пандев, стигна до уште еден јубилеј во италијанското домашно првенство.

Македонецот за само 20 минути постигна 2 погодоци за Џенова во средбата против Беневенто и стигна до 100 постигнати погодоци во една од најпрестижните лиги во светот. Тој е апсолутен рекордер помеѓу фудбалерите кои доаѓаат од Балканот во Серија А.

Погодоците ги постигна во интервал од 10 минути, најпрвин во 11 минута срелаше за израмнување, а во 21та го постигна и вториот гол и повторно израмни на 2:2.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote