in

Што?Што?

ЗЛАТЕН ЧАСОВНИК ОД ТИТАНИК ПРОДАДЕН ЗА МИЛИОН ЕВРА НА АУКЦИЈА

Златен џебен часовник што го носел најбогатиот патник на Титаник беше продаден на аукција во Англија за еден милион евра, или шест пати повеќе од очекуваната цена.

Часовникот му припаѓал на бизнисменот Џон Ејкоб Астор и се предвидуваше да биде продаден за 177 илјади евра кај аукционерот Ендрју Елдриџ.

Претходно, најскапо продаден артефакт од Титаник беше виолина, исто така, продадена на аукција за еден милион евра, но со дополнителните давачки и даноци испадна нешто помалку од часовникот, кој по давачките и даноците, ќе го чини купувачот речиси 1,4 милиони евра.

Бродот Титаник беше на пат од Саутемптон за Њујорк кога удри во санта мраз ноќта на 14 април 1912 година и потоа потона со над 1.500 жртви.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote